ФУДБАЛ

Дефанзивецот на Барселона е најбрзиот играч на Ла Лига!

Заврши сезоната 2019/2020 на шпанската Ла Лига. Барселона направи неколку грешки и Реал Мадрид ја презеде титулата во Шпанија.

Нема шанси Барселона да биде задоволна од домашната сезона и сега треба да се покажат во Лигата на шампионите.

Сепак, Каталонците можат да се пофалат дека во своите редови го имаат најбрзиот играч во Ла Лига, барем за сезоната 2019/2020.

Ова е младиот Роналд Араухо, чија брзина беше измерена на 34.91 км на час.

Араухо е проследен со Луис Риоха од Алавес (34,35км / ч), потоа тука е Хернани Хорхе Сантос од Леванте (34.31), Маркос од Атлетико (34.30) …

Во Топ7 се наоѓаат и двајца играчи на Реал Мадрид, Федерико Валверде кои трчаа 34,13 км на час и Лука Јовиќ – 34.07км / ч.

Најбрзиот играч во Ла Лига, Роналд Араухо, има непобитен талент. Сепак, овој 21-годишен стопер сè уште не доби реална шанса, па тој направи само шест настапи за првиот тим на Барса во Ла Лига минатата сезона.

 

ПОВРЗАНО

Ла Лига