ФУДБАЛ

Дефанзивецот на Интер претрпе тешка повреда, Конте во проблеми

Дефанзивецот на Интер, Данило Д’Амбросио се очекува да остане надвор од терените две недели поради повреда.

Дефанзивецот, кој досега беше важен играч за Конте, претрпе повреда во победата на Италија со 2:0 над Грција во квалификациите за Евро 2020.

Интер потврди дека Д’Амброзио претрпел скршеница на стапалото и се очекува да отсуствува две недели.

„Ренген снимките во понеделникот наутро идентификуваа фрактура на четвртиот прст на десното стапало. Состојбата на Д’Амбросио ќе биде проценета следната недела“, се вели во официјалното соопштение на клубот.