ФУДБАЛ

Дефо за Божик доби медал кој го чекаше цели 10 години!

Џермејн Дефо го одигра полуфиналето од Лига купот во 2007/08 како играч на Тотенхем, а откако замина, клубот победи на тоа натпреварување.

Дефо беше оставен без медал, но по 10 години организаторот ја додели наградата на 36-годишниот.

„Прекрасно е чувство дека сум бил дел од еден богат клуб со историја, голем клуб кој постигна одлични резултати во последниве години. Тоа беше фантастична игра против Челзи и јас само седнев и уживав во нивното шоу“, изјави Дефо.

Ова е негов единствен трофеј во кариерата, иако тој игра фудбал веќе 20 години, а во овој финален натпревар, Тотенхем го победи Челзи со 2:1.

Дефо во моментов е во Бурнемут а претходно играше за Тотенхем, Торонто, Портсмут, Вест Хем и Сандерленд …