Фудбалерот на хрватската репрезентација Дејан Ловрен (30) би можел да ја продолжи својата кариера во италијанската Серија А.
Според медиумите на Апенинте, Лацио покажал силен интерес да го донесе 30-годишниот стопер на Ливерпул и ќе се обиде да го ангажира уште во летниот рок.
Ловрен не е првиот избор на Јурген Клоп. Иако има уште една година договор, сигурно е дека тој ќе го напушти „Енфилд“, но останува да видиме дали на крајот римскиот тим ќе успее да го доведе во своите редови.
Хрватскиот фудбалер и претходно се поврзуваше со преселба во Серија А. Тој, наводно, беше многу близок со Милан и Рома минатата сезона, но на крајот не беше постигнат договор.
Покрај Лацио, интерес за 30-годишниот дефанзивец покажуваат и Тотенхем, Лион и Арсенал.