ФУДБАЛ

Дејвид Мојс заработи огромен бонус

Дејвид Мојс го остави Вест Хем во Премиер лигата.

По многу долга и болна сезона Хамерс го обезбедија опстанокот на колото пред крајот со реми на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед, и тие мирно влегоа во последното коло.

Менаџерот Дејвид Мојс обезбеди многу добар бонус за останување во лигата со договор со лондонскиот клуб, а тој изнесува два милиони фунти.

Платата на шкотскиот стручњак во овој клуб е иста, но тој обезбеди многу добар бонус, за што сепак се мачеше многу.

Последната рунда во Премиер лигата е закажана за в недела. Најголемо внимание привлекува натпреварот помеѓу Лестер и Манчестер Јунајтед, што е директен дуел за пласман во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига