ФУДБАЛ

Дел Боске: Меси е најдобриот фудбалер што сум го видел

Познатиот шпански тренер Висенте дел Боске изјави дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е најдобриот играч што некогаш го гледал.

Поранешниот шпански селектор ја пофали долгогодишната постојано добра игра и квалитет на Меси и рече дека, според него, Меси е пред Кристијано Роналдо во „борбата“ за најдобар играч на сите времиња.

„Најдобриот фудбалер што сум го видел е Меси. Помеѓу Меси и Роналдо го избирам Меси. Од сите играчи што ги гледав толку многу години во фудбалот, неговата постојаност и неговиот квалитет беа импресивни. Имаше неколку фантастични сезони и секогаш го водеше својот тим“, изјави Дел Боске за Радио Марко.

Меси е еден од најтрофејните фудбалери во историјата, а минатиот викенд со Аргентина го освои Светското првенство. Тој се уште е на одмор по тој турнир и најверојатно нема да игра за Пари Сен Жермен против Стразбур на 28 декември кога продолжува францускиот шампионат.