ФУДБАЛ

Дел Пјеро ги избра четворицата најдобри играчи на светот

Поранешната ѕвезда на Јувентус и Италија, Алесандро Дел Пјеро избра четворица најдобри фудбалери во светот.

Дел Пјеро не бил на фудбалскиот терен од 2015 година кога решил да се пензионира, а денес живее во Лос Анџелес, и сè уште е вклучен во фудбалот и внимава на сè што се случува.

Бидејќи коронавирусот во моментот го стави светот на пауза, Дел Пјеро одговори на голем број прашања, од кои едното беше за најдобрите фудбалери на светот. Италијанецот издвои четири.

„Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар се чудовишта, тие привлекуваат внимание“, рече Дел Пјеро, додавајќи:

„Исто така и Кевин Де Брујн кој исто така игра на највисоко ниво. Според мене, тие се над другите“, забележа Дел Пјеро.

Италијанецот ја освои целата слава носејќи го дресот на Јувентус од 1993 до 2012 година. Во својата кариера играше за Падова, Сиднеј ФК и Делхи Динамос.