ФУДБАЛ

Дел Пјеро го откри својот фаворит за освојување на Светското првенство

Кон крајот на годината нè очекува Светско првенство во Катар, прво во зима.

Многу репрезентации ќе бидат меѓу фаворитите за победа, а легендарниот Алесандро Дел Пјеро го откри својот фаворит.

„Разговарав со Дешам и Франција е голем тим со многу таленти. Можат да го освојам Светското првенство“, изјави Дел Пјеро и додаде:

„Тие се меѓу главните фаворити пред почетокот на турнирот.

За жал, Дел Пјеро нема да има можност да ја бодри својата Италија, која сензационално отпадна во полуфиналето од баражот против селекцијата на Македонија кога во Палермо беше поразена со 0:1.

Од друга страна, Франција на Мундијалот се пласира во групата Д со Данска, Тунис и победникот од интерконтиненталниот бараж, а тоа ќе бидат селекциите на Австралија, ОАЕ или Перу.

ПОВРЗАНО

Светско првенство 2026