Поранешната sвезда на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, не верува дека Антонио Конте се предаде во трката за титула во Серија А оваа сезона, и покрај тоа што овој викенд загуби од лутиот ривал.
Тренерот на сините изјави дека неговиот тим не може да се спореди со Јувентус кој осум години доминира во италијанскиот фудбал, по поразот од 2:0 од владејачките шампиони на стадионот „Алијанц“ во неделата.
Дел Пјеро смета дека Конте, кој истакна дека го гради тимот, тула по тула, сега е повеќе мотивиран и дека ќе го направи Интер зериозна пречка за Јуве.
„Не верувам дека Интер не е во трка за титулата. Напротив, знаејќи го Конте, сигурен сум дека тој ќе биде уште помотивиран“, рече Дел Пјеро за „Sky Sport Italia“.
„Неговите коментари по натпреварот беа за јавноста. Навивачите може да бидат разочарани и тој сакаше да им покаже дека тимот добро напредува досега. Но, сигурен сум дека во тимот тој зборува сосема различно“, додаде тој.