ФУДБАЛ

Деле Али најде необичен начин да ги загрее рацете на трибините (ФОТО)

Деле Али не добива често шанса да игра со Жозе Мурињо.

Sвездата на Тотенхем го следеше и мечот против Астон Вила од трибините и очигледно е дека не уживаше премногу во тоа.

Студеното време во Бирмингем беше проблем за резервните играчи, па Али реши да се снајде и да ги загрее рацете на најдобар можен начин.

 

Играчот од средниот ред на Спарс ги зеде ракавиците од резервниот голман Џо Харт и ги стави, загревајќи ги на тој начин замрзнатите раце.