ФУДБАЛ

Делови од Киев евакуирани поради лажна дојава за бомба пред вечерашното финале

Лажна дојава за бомба во централното градско подрачје во Киев затвори пет метро станици. Оваа лажна информација предизвика голема паника како на домашните така и на гостите од целиот свет, присутни за вечерашното големо финале помеѓи Ливерпул и Реал Мадрид.

„Станиците се проверени и отворени за патницит. Експлозивни средства не се пронајдени“, соопшти киевската градска служба која управува со метрото.

Големото финале помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид се игра вечерва од 20:45 часот.