ФУДБАЛ

Демант дека Јувентус и Барселона се договориле за трампата на играчи

Каталонски „Спорт“ попладнево објави дека Јувентус и Барселона постигнале договор и дека од следната сезона на „Камп Ноу“ се селат Миралем Пјаниќ и Де Шчиљо, а во спротивна насока ќе допатува Нелсон Самедо. Згора на тоа, како што тврди „Спорт“, Јувентус на Барселона ќе и доплати 25 милиони евра.

Сепак, новинарот Ромео Агрести, дописник од Италија за популарниот порал „Гол“ вели дека овие информации не се точни барем засега. Тој важи за голем познавач на состојбите во Јувентус, и дека има добри извори од Торинскиот клуб, па демантира дека Јуве договорил такво нешто со Барселона.

-Нема потврда дека е постигнат договор помеѓу Јувентус и Барса. Клубовите се во контакт и разгледуваат опции. Но до овој момен нема никаков договор, напиша Агрести на твитер.