ФУДБАЛ

Дембеле ја заврши кариерата

Поранешниот белгиски репрезентативец Муса Дембеле одлучи да стави крај на својата играчка кариера.

Дембеле во јавноста е познат како член на англискиот Тотенхем, а настапуваше и за Фулам, Алкмар, Вилем Втори …

Неговиот последен ангажман беше во Кина каде играше за Гуангзу.

Последните три години ги помина во Кина и сега реши да му каже „збогум“ на фудбалот.

Дресот на белгиската репрезентација го носеше 82 пати.

Кариерата ја заврши на 35 години.