ФУДБАЛ

Дембеле конечно се врати на тренинзите со Барселона

Барселона го продолжи тренингот денес пред продолжување на сезоната во Лигата на шампионите, при што учествуваа Усман Дембеле и Антоан Гризман, откако се опоравија од повредите.

Француското дуо отсуствуваше поради повреди, но денес работеа одделно од групата во обид да се опорават што е можно поскоро.

Гризман го повреди колкот во победата на Барса со 1:0 над Реал Ваљадолид на 11 јули, и како резултат ги промаши последните два натпревари во Ла Лига.

Што се однесува до Дембеле, се чинеше дека сезоната заврши за него кога тој беше подложен на операција во февруари.

Сепак, понатамошното продолжување на сезоната 2019/20 поради пандемијата на коронавирус, му даде можност на францускиот крилен играч да игра во најпрестижното европско натпреварување за клубови.

Барселона е домаќин на Наполи на „Камп Ноу“ на 8 август, во возвратниот натпревар од 1/8 финалето, при што првиот натпревар заврши 1:1.

ПОВРЗАНО

Ла Лига