ФУДБАЛ

„Дембеле не го напушта Лион“

Претседателот на Лион, Џан-Мишел Аулас, повтори дека Муса Дембеле во јануари нема да биде продаден.

Челзи и Тотенхем се поврзуваа со трансферот на поранешниот напаѓач на Фулам, при што Аулас инсистираше на тоа дека Французинот нема да замине во јануари.

Тој го повтори овој став, велејќи дека парите не се проблем.

„Нашите мисли не се менуваат – овој проблем стана јасен уште од август“, изјави претседателот на Лион за „РМЦ Спорт“.

„Муса е одличен играч, играч што ни треба. Ние се спротивставуваме во каква било форма на однесувањето на еден млад напаѓач да ја преземе својата улога“.

„Муса е иднина и не станува збор за пари – тој ќе остане со нас“.