Фудбалерите на ПСЖ синоќа се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако ја одбранија предноста против Астон Вила од првиот натпревар на Вила Парк.
Парижаните победија со 3:1 на првиот меч на Паркот на принцовите, а синоќа беа поразени на гости со 3:2 и со вкупен резултат 5:4 влегоа во четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите. Иако ПСЖ беше поразен, УЕФА го избра Усман Дембеле за играч на натпреварот, а тој одби да ја прими наградата и налутено истрча во соблекувалната. Тогаш настана вистински хаос, но на крајот луѓето од УЕФА успеаја да стигнат до него и му ја предадоа, а официјалната фотографија од играчот од мечот Астон Вила – ПСЖ стана вистински хит.
🚨 Ousmane Dembélé, Man of the Match voted by UEFA for Aston Villa-PSG. pic.twitter.com/HsJs0y3IBb
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 15, 2025
