ФУДБАЛ

Дембеле пристигна во Атлетико, веднаш го погоди проблем

Атлетико Мадрид потврди дека Муса Дембеле е позитивен на коронавирус.

Дембеле пристигна на позајмица од Лион и сега е во изолација во својата куќа.

Во последните неколку дена, уште тројца играчи на Атлетико беа позитивни, па клубот наиде на неочекувани проблеми.

24-годишниот Французин се приклучи на редовите на лидерите во Ла Лига на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.

Дембеле не може да се пофали со каква било статистика оваа сезона затоа што постигна само еден гол на 16 натпревари.

ПОВРЗАНО

Ла Лига