ФУДБАЛ

Дембеле се врати по суспензијата, а потоа го казни Ернесто Валверде

Фудбалерите на Барселона играат денес против Леванте во натпревар од 12. коло на шпанската Ла Лига.

Барселона е во одлична серија и има пет последователни победи во Ла Лига и извесно е дека каталонскиот тим сака да ја продолжи својата победничка низа денес против Леванте.

Вчера, Ернесто Валверде го објави списокот на играчи кои ќе се натпреваруваат за денешниот натпревар, а многумина се изненадени што францускиот офанзивен играч, Оусман Дембеле, не беше вклучен во составот.

Дембеле се врати откако беше суспендиран поради црвен картон што го заработи против Севиља. Французинот доби два натпревари суспензија и се очекуваше дека може да игра денес против Леванте, но тоа нема да се случи.

Валверде го изостави Дембеле од списокот на играчи кои се натпреваруваат за денешната игра, а „АС“ верува дека го сторил тоа на свој начин за да го казни Французинот кој навистина невнимателно доби директен црвен картон против Севиља.

Тренерот на Барселона сигурно сака да му покаже на младиот Дембеле дека треба да постапи многу поодговорно на теренот и нема да толерира вакви работи.

ПОВРЗАНО

Ла Лига