Младиот Французин, Оусман Дембеле повторно се најде во центарот на вниманието на каталонските медиуми.
На Дембеле не му оди баш најдобро откако се пресели во Барселона, а досега воглавно имаше проблеми со повредите.
Сепак, овојпат се случи поинтересна ситуација. Имено, каталонските медиуми објавија дека вчера не се појави на тренингот на Барселона, а стручниот штаб се загрижи бидјеќи на никој не одговорил на телефон околу час и половина.
Многу дури и мислеа дека се случи несреќа, но се испостави дека има нешто потешка форма на стомачна вироза и затоа останал цел ден во куќата, а подоцна му објасни на Валверде и неговите помошници што навистина се случило.
Секако нови отсуство од тренинг нема да помогне многу на Дембеле и е прашање на време кога ќе го напушти клубот.