ФУДБАЛ

Дембеле за 70 милиони евра во Манчестер Јунајтед?

Манчестер јунајтед наводно го договорил трансферот на напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

Според европските медиуми, Јунајтед договорил трансфер вреден 70 милиони евра со Лион и се очекува наскоро овој 23-годишник официјално да стане играч на великаните од „Олд Трафорд“.

Дембеле во последниве месеци се поврзуваше со „црвените ѓаволи“. Сепак, трансферот не е завршен, но се чини дека сега сè е конечно решено.

Муса Дембеле е член на Лион од 2018 година. Тој претходно играше за Селтик и Фулам, а ова треба да биде негово враќање во Премиер лигата.

Оваа сезона одличниот напаѓач игра феноменално и има постигнато 22 гола на 42 настапи за Лион. Тој запиша и седум асистенции на сите настапи.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига