Останувањето на Лука Модриќ во Реал Мадрид се очекуваше и најавуваше со недели, но потписот никогаш не се случи.
Како што пишува Фабрицио Романо, денеска треба да биде официјализирано продолжувањето на соработката помеѓу Мадрид и играчот од средниот ред.
Хрватскиот репрезентативец имаше понуди, како и неговите колеги од Саудиска Арабија, но сепак реши да остане во елитниот европски фудбал со тенденција уште да не ја напушти репрезентацијата.
,,Лука Модриќ не ги промени плановите и покрај понудите од Саудиска Арабија. Како што најавивме уште во мај, тој и следната сезона ќе биде играч на Реал. Официјално соопштение дека го продолжи договорот се очекува до јуни следната година“, напиша Романо со емотикон песочен часовник.
Лука во Реал е од 2012 година кога дојде од Тотенхем, а актуелниот договор му истекува за четири дена, на 30 јуни.
За Кралскиот клуб настапи на 488 натпревари, постигнувајќи 37 гола со 77 асистенции.
⚪️🔟⏳⌛️ #RealMadrid https://t.co/8hB7xXoInV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 26, 2023
