Неколку дена по освојувањето на Лига купот, првиот трофеј во историјата на Интер Мајами, сопственикот на клубот Дејвид Бекам со семејството замина на одмор во Хрватска. Дејвид и Викторија минатата година летуваа на островот Лопуд и очигледно одлично се забавуваа, бидејќи и оваа година решија да го посетат ова прекрасно место на Јадранот. Бекамови во понеделникот пристигнаа од Мајами во Дубровник со приватен авион и веднаш се упатија кон нивната омилена дестинација – Лопуд.

Тоа е едно од најлуксузните места на хрватското приморје, каде за еднодневен престој е потребно вистинско богатство. Дејвид и Викторија се сместени во величествениот комплекс „Lopud 1483“, каде што имаат сопствено обезбедување за никој да не им пречи. Toa е поранешен француски манастир кој грофицата Франческа фон Хабсбург го обнови и на тој начин направи комбинација од музеј, елегантен хотел и духовно прибежиште на 21 век заедно со црква, камбанарија.. Во рамките на комплексот има и Света градина. Изнајмувањето на луксузен комплекс за еден ден чини 10.000 евра за десет лица, а цената на едно ноќевање е околу 1.500 евра.

Со дополнителните „ситници“ што ги користат, вклучително и јахтата, еден ден во Хрватска ги чини Бекамови околу 20.000 евра. За обичните смртници големо богатство, а за легендарниот фудбалер и неговата сакана – вистинска ситница. Давид и Викторија дојдоа во Хрватска со своите деца и неколку пријатели.
