
Македонската репрезентација денеска одмора пред утрешниот дуел со Црна Гора.Овој ден одмор добро ќе им дојде на нашите момци по исцрпувачката битка и победата над Словенија. Со тоа главната цел-пласман во вториот круг е веќе обезбедена а ќе можеме да пренесеме и некој бод за што подобар пласман.
Нашите репрезентативци се добро мотивирани водени од фантастичниот Раул Гонзалес кој беше смирен и моментите кога Словенија имаше водство од неколку голови. Еуфоријата во Македонија расте и се очекува денеска да тргне нова група навивачи пред дуелот со Црногорците.