Денеска во Нион со почеток во 12 часот ќе се одржи ждрепката за плеј-офот од Лигата на шампионите.
Осум екипи се пласираа во осминафиналето, а во баражот ќе играат 16 екипи. Првите осум клуба кои се пласираа во осминафиналето се Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила. Во плеј-офот ќе настапат Аталанта, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Баерн, Милан, ПСВ, ПСЖ, Бенфика, Монако, Брест, Феенорд, Јувентус, Селтик, Манчестер Сити, Спортинг и Клуб Бриж.
🚨 FULL UEFA Champions League possible fixtures. pic.twitter.com/UFVh0uSdqo
— Madrid Zone (@theMadridZone) January 29, 2025
На денешната ждрепка носителите ќе се пласираат од деветтото до 16-тото место, а неподредените од 17-то до 24-тото место. Екипите се групирани така што, на пример, деветтото и десеттото место ќе бидат извлечени со екипите на 23-то и 24-то место. Ако деветтопласираната екипа се извлече со 23-та, тоа значи дека десеттопласираната екипа ќе игра против 24-та. Веќе знаеме дека еден пар од плеј-офот ќе биде вистински спектакл.
Имено, познато е дека 11. или 12. тим ќе игра против 21. или 22. тим во поредокот. Реал Мадрид е 11-ти, Баерн 12-ти, додека Манчестер Сити е 22-ри, па ќе видиме против кого ќе игра тимот на Гвардиола во баражот. Она што е сигурно е дека и Реал и Баерн за противник во плеј-офот ќе сакаат да извлечат 21-пласирана екипа, а тоа е Селтик. Исто така, можно е во плеј-офот да гледаме дуел на два италијански гиганти, Јувентус и Милан, кој исто така би бил вистински спектакл и повторување на финалето од 2003 година. Реваншот носителите ќе го одиграат на домашен терен.
