ФУДБАЛ

Денис Черишев ослободен од обвиненијата за допинг

Рускиот играч Денис Черишев (27) беше ослободен од сите обвиненија дека земал допинг, бидејќи шпанската агенција за антидопинг откри дека во не е сторен никаков прекршок.

Овој фудбалер, кој беше една од најголемите ѕвезди на Светското првенство, беше во неволја откако татко му откри дека користи третман за хормон за раст.

Оваа изјава ја започна истрагата, а таткото Димитриј подоцна изјави дека новинарите погрешно ги претставуваат неговите зборови, но залудно.

Агенцијата за антидопинг во Шпанија ја заврши истрагата и официјално објави дека ја затворила и дека Черишев бил ослободен од сите обвиненија.

Черишев е фудбалер кој игра за Виљареал на позајмица во Валенсија, а играше и на Светското првенство каде постигна четири гола.