Денис Шредер ќе биде нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерси. Тимот од „Стејплс центарот“ направи одлична зделка со тоа што се откажа од својот 28-ми пик од драфтот, кој ќе се одржи вечерва. Шредер играше одлично во дресот на Оклахома изминатата сезона и имаше 18,9 поени по натпревар.
Германецот треба да биде замена за Рондо кој ја искористи опцијата во договорот и ќе биде слободен агент. Причината поради која Рондо заминува е да побара поголем договор во друг клуб.