ФУДБАЛ

Денот кога Барселона одби неверојатни 250 милиони евра за Меси

Барселона доби рекордна понуда за Лионел Меси, но не сакаше да го продаде.

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта тврди дека Интер понудил дури 250 милиони евра за Аргентинецот во 2006 година, но тогаш Лапорта одби.

Тоа беше одамна, пред 16 години, во време кога играчите не беа толку ценети. На пример, рекордниот трансфер се случи многу подоцна, во 2017 година, кога Барселона го продаде Нејмар на ПСЖ за 222 милиони евра.

“Во тоа време одбивме 250 милиони евра од Интер. Морати го посакуваше, но сите се согласивме дека е најдобро да остане во клубот”, призна Лапорта.

Изјавата на Лапорта е дел од неговата кампања затоа што тој сака повторно да биде претседател на Барселона и тврди дека ако тоа се случи, тој ќе стори се за да го задржи волшебникот од Росарио.