ФУДБАЛ

Депресивниот Нејмар објави докази на Инстаграм: „Се е апсолутна лага“

Бројни европски медиуми денеска објавија информација дека дошло до физички конфликт меѓу Нејмар и Џанлуиџи Донарума во соблекувалната на ПСЖ по поразот од Реал Мадрид (3:1).

Според пишувањата од Шпанија, соиграчите ги разделиле соиграчите, а после се проговорил Нејмар и го истакнал своето големо разочарување од пишуваното.

Јавно ја сподели преписката со Донарума и Бразилецот истакна:

„Апсолутна лага. Не се каравме по натпреварот“, напиша Нејмар на Инстаграм.

Пораката што Донарума му ја испрати на Нејмар гласи:

„Жал ми е за вчерашниот ден. Оваа вест е неприфатливо“, а Нејмар одговара.

“Смири се. Ова се случува во фудбалот. Ние сме тим и се држиме заедно. Ти си уште млади и ќе освојуваш трофеи. Одиме понатаму”, изјави Нејмар.