Имаше многу оган во заливот, Вориорси ги совладаа Санс, во првото полувреме беа предводени од Клеј Томпсон кој постигна 33 од вкупно 38 поени, подоцна Кари презеде (23 поени), но и Пол и Кевин Лони кои дадоа голем придонес од клупа. Феникс се врати со 59 поени од Букер, а Ајтон ги направи работите интересни, но победата остана во Сан Франциско. Голден Стејт има 29-7 дома, но на гости 7-26.
Мајами во тесен натпревар ја победи Јута, иако Оје Марканен постигна 38 поени, а Симоне Фонтекио постигна 23 поени. Но, Мајами имаше седум двоцифрени, Батлер постигна 24 поени, домашните 31 поен од белата линија, наспроти 13 на Јута и упатија двојно повеќе удари.
И конечно, Атланта беше поразена на домашен терен од Минесота. Ентони Едвардс беше инспириран во родниот град, ги предводеше „волците“ со 32 поени, Кајл Андерон го направи третиот трипл-дабл сезонава. Ниту 41 поен на Јанг не им помогнаа на домашните, под водство на новиот тренер Квин Снајдер, Хокс имаат 3-5. Очајно шутираа за три поени, 4 од 22. Богдановиќ ги промаши сите четири тројки, шутираше вкупно 1 од 8, пар поени и асистенција, еден скок, се удави во сивилото на тимот кој очекуваше многу повеќе оваа сезона. ..
Резултати:
Детроит- Индијана 117:97
Атланта – Минесота 115:136
Далас – Мемфис 88:104
Мајами – Јута 119:115
Хјустон – Бостон 111:109
Голден Стејт – Феникс 123:112
Сакраменто – Милвоки 124:133
