ФУДБАЛ

Дербито помеѓу Барселона и Јувентус ќе се одигра пред навивачи?

Секако дека треба да помине повеќе време за сè да биде целосно нормално и трибините да бидат полни, но според некои најави, наскоро ќе имаме одреден број навивачи на „Камп Ноу“.

Малку беше тажно да се гледаат празни трибини на „Камп Ноу“ вчера за време на „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид (1:3), но полека се навикнуваме и на такви сцени. Сепак, за среќа, малку по малку, публиката се враќа таму каде што припаѓа.

На 8 декември на програмата е дербито од групната фаза во Лигата на шампионите помеѓу Барселона и Јувентус, а каталонската влада објави дека тогаш стадионот може да биде отворен за одреден број на гледачи.

“Разговаравме со клубот за постепено враќање на навивачите и дојдовме до заклучок дека ова е тема што треба да се разгледа од натпревар во натпревар. Во првата фаза, на Камп Ноу може да има три до пет илјади луѓе, а потоа во согласност со епидемиолошката ситуацијата, тој број може да се зголеми. Мислам дека протоколите би можеле да бидат подготвени само за натпреварот од Лигата на шампионите против Јувентус на 8 декември, ако ситуацијата не се влоши “, изјави генералниот директор на Каталонија Жерард Фигуерас за локалниот спортски дневен весник „Спорт“.