Тен Хаг донесе одлука, клубот ќе се обиде да го продаде Антони Марсијал.
Кога дојде во Манчестер Јунајтед беше најскапиот тинејџер на светот, беше платен 58 милиони фунти, но не ги оправда очекувањата, иако се уште е меѓу „црвените ѓаволи“.
И оваа сезона имаше проблеми, влезе во конфликт на тренинг со младиот Дан Гора, а на сите им е јасно дека со овој фудбалер очигледно нема да има продолжување на договорот.
И игрите кои ги пружа не се на задоволително ниво, па имајќи предвид дека на крајот од сезоната влегува во последната година од договорот, јасно е дека ќе има продажба.
Единствен проблем е да се најде купувач, Марсијал има 250 илјади фунти неделно, само четворица се подобро платени, па не ја исклучувајте можноста Французинот да остане до крајот на договорот во Манчестер Јунајтед.
