Неколку клубови ширум Европа сега имаат шанса да донесат два квалитетни играчи од Ливерпул.
Ливерпул потврди дека искусниот бек Алберто Морено и англискиот напаѓач Даниел Стариџ се слободни откако им истекоа договорите.
Лацио, Рома, Наполи, Јувентус, Интер и Милан би можеле да ја искористат ситуацијава за да донесат барем еден од овие играчи.
Стариџ играл и за Челзи, а Јирген Клоп знаеше да го користи како џокер од клупата. Во септември полни 30 години и сосема е добра опција за некој клуб како слободен играч.
Морено има 27 години следниот месец и левиот бек кој 2014. година дојде во Ливерпул за 18 милиони евра исто така ќе може да бира понуди. Италијанските тимови во прв ред, но има понуди и од другите лиги.
Се’ на се’, и двајцата дадоа значаен допринос во резултатите на Ливерпул, а сега се вртат кон новите предизвици, свесни дека за нив нема место на „Енфилд“.