Доколку го напушти Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе стане селектор.
Зидан е на клупата на Реал Мадрид по втор пат, но изгледа дека после тоа ќе седне на клупата на францускиот фудбалски тим, тоа го откри сегашниот тренер Дидиер Дешамп.
„Следниот тренер на Франција ќе биде Зидан“, рече Дешамп, кој го освои Светскиот куп во 2018 година со Французите во Русија.
Дешамп и Зидан беа соиграчи во 1998 година, кога Франција освои злато пред своите фанови.
Инаку, Дешамп е обврзан со договорот со Триколорите до крајот на Светскиот куп во Катар во 2022 година, а потоа треба да го наследи Зидан.