ФУДБАЛ

Дест дојде на збогувањето на Меси во дресот на Булс, а сега се знае и зошто

Американскиот фудбалер Сергино Дест привлече големо внимание кога се појави во дресот на Чикаго Булс на збогувањето на Лионел Меси од Барселона.

Меси во солзи ги напушти Каталонците и замина во ПСЖ, а на збогувањето Дест беше во опуштено издание со дресот на НБА на Чикаго Булс.

По неколку месеци новинарот Алекс Лопез Вендрел откри што се случува.

„Дест не знаеше дека збогувањето на Меси е закажано за тој ден. Тие отидоа на плажа да го земат и затоа дојде во дрес“, изјави Вендрел.

Десниот бек на Барселона веднаш привлече големо внимание. Многумина исто така сметаа дека ова е навреда за Меси и дека не требало да се појави во толку опуштено издание.