Синоќа Барселона претрпе тежок пораз на домашен терен против ПСЖ (1:4) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Каталонците поведоа со голот на Лионел Меси од белата точка, но ПСЖ стигна до пресврт и убедлива победа.
Мбапе им создаде големи проблеми на играчите на Барселона, особено на десниот бек Сергин Дест, кој воопшто немаше решение како да го запре напаѓачот на ПСЖ.
Мундо Депортиво денес објави дека Мбапе и Дест имале вербален судир во кој на крајот се вмешал Жорди Алба.
Дест му се извини на Мбапе по еден фаул, а Мбапе само му рече: „Не ме допирај“. Потоа дојде Алба кој рече дека не треба да се однесува така и дека Дест му се извини, но Мбапе го шокираше левиот бек на Барселона со неговиот одговор.
„Кога ќе те сретнам на улица, ќе те убијам“, му рече Мбапе на Алба, кој за чудо не одговори, што го изненади и Пике. „Учите како да реагирате на Жорди“, рече Пике, а потоа му рече на Мбапе: „Кого ќе убиеш?“ Мбапе не го ни погледна Пике, туку отиде кај Алба и му повтори: „Кога ќе те сретнам на улица, ќе те убијам“.
Покрај одличниот натпревар на овие екипи на „Камп Ноу“, гледавме и вистинска шпанска сапуница, најмногу затоа што на трибините нема навивачи и се слушаат разговорите на играчите.