ФУДБАЛ

Дест објасни зошто ја избра Барселона пред Баерн

Новиот играч на Барселона, Сергино Дест објасни зошто решил да дојде во овој клуб наместо во Баерн, кој беше близу до негово доведување.

Одличниот десен бек потпиша договор со Барса, но имаше многу тешка задача да ги одбие Баварците. Тој одлучи да ги објасни причините:

“Баерн е одличен клуб, но јас само го следев моето срце и Барселона е вистинската одлука. Јас го исполнив мојот сон”, изјави Дест и додаде:

“Отсекогаш сум сонувал за Барселона. Сега сум пресреќен што сум тука. Ќе дадам се од себе да ги освојам Лигата на шампионите и Ла Лига”, изјави младиот дефанзивец.

Дест би можел да дебитира уште во недела кога Барселона ја пречекува Севиља.

ПОВРЗАНО

Ла Лига