Пауло Дибала летово пристигна во Рим, но не е невозможно да ја напушти Рома по само една година.
Фабрицио Романо денеска ги откри сите детали од неговата клаузула со која може да го напушти Рим веќе следното лето.
Романо тврди дека клаузулата на Дибала е 20 милиони евра за италијанските клубови, но има финта. Доколку италијанскиот клуб ја активира клаузулата, Рома има опција да ја отфрли доколку Дибали автоматски ја зголеми својата плата од 3,8 на 6 милиони евра.
Во случај на понуди од странство, клаузулата е одредена на само 12 милиони евра!
Тоа практично не е ништо за играч со толкаво реноме ако се земе предвид моменталниот пазар и астрономските цени во изминатите години.
Се на се, Дибала го има последниот збор, очигледно Рома го привлекла со овие „лесни“ клаузули според кои би можел без проблем да си замине од Олимпико.
