Откако Блејк Грифин пристигна во Детроит, се покажа како одличен трејд за Пистонс, кој запишаа трета победа во низа.
Во победата над Портланд од 111:91 Грифин дуелот го заврши со 21 поен, 9 скока и шест асистенции како најефикасен во победничкиот состав каде Андре Друмонд додаде 17 и Антони Толивер 15 поени.
Кај Портланд Дамиан Лилард уфрли 20 поени.
Но се чини дека и Клипер не загубија премногу со заминувањето на Грифин со оглед на тоа што во последните три средби забележаа две победи.