ФУДБАЛ

Деветката на Кавани доби нов сопственик

Единсон Кавани повеќе не е член на ПСЖ и неговиот број 9 ќе му припадне на друг играч.

ПСЖ одлучи да не го продолжи договорот со искусниот Уругваец, кој сè уште е во потрага по нова средина, а во меѓувреме неговата деветка ја доби Мауро Икарди.

ПСЖ објави дека аргентинскиот напаѓач ќе го носи бројот 9 следната сезона и тоа треба да значи дека поранешниот играч на Интер ќе биде стартерот и еден од главните играчи на европските вице шампиони.

Икарди носеше деветка во Интер, а кога дојде во ПСЖ го носеше бројот 18.