20-годишникот го обвинува Бенџамин Менди дека три пати ја силувал во својата вила и ја оставил да крвари.
Левиот бек на Манчестер Сити долго време беше во неволја бидејќи беше обвинет за 10 прекршоци врз седум жени во периодот од октомври 2018 година до август минатата година. Наводно се се случило во неговата палата во Чешир, а судењето започна пред неколку дена.
Менди негира осум точки за силување, една точка за сексуален напад и една точка за обид за силување.
Кообвинетиот на Менди, Луис Саха Матури (40) е обвинет за осум точки за силување и четири точки за сексуален напад на осум жени, што тој исто така го негира.
Една од седумте жени кои го обвинија Менди за силување, сведочеше пред порота составена од осум мажи и шест жени дека фудбалерот се пофалил дека имал секс со 10.000 жени откако три пати ја силувал и ја оставил да крвари.
„Ми рече „не кажувај никому и можеш да доаѓаш овде секоја вечер“. Како да е „привилегија“ да имаш секс со него“, изјавила 20-годишната девојка.
Обвинителот и објасни на поротата дека девојката отишла во куќата на Менди во октомври 2020 година, откако се сретнала со играчот во бар во Алдерли Еџ.
Жената уверувала дека Менди ја силувал три пати и пријавила дека сексуалниот напад кој го претрпела од Менди и покрај тоа што повеќе пати и кажувала дека не сака да има секс со него, траел 15 минути.
“Се чувствував како тоа да е најдолгиот ден во мојот живот… Телото ми беше напнато. Тоа беше само оваа болка”, рекла девојката, која исто така објаснила дека Бенџамин Менди и го земал мобилниот телефон и го заклучил во една од собите за паника. со бравата што ја има фудбалерот во својата „замок на ужасите“ и побарал од него да се соблече.
„Слушај, го сакам мојот телефон, не знам што мислиш дека се случува. Не сакам секс со тебе“, му рекла младата жена на Менди.
View this post on Instagram
Вратата и онака е затворена“, ѝ одговори фудбалерот на Манчестер Сити.
Казната на Бенџамин Менди може да се движи од пет до 20 години затвор, иако тој може да се соочи со можна доживотна затворска казна. Судењето продолжува, но работите кои допираат до јавноста се, најблаго речено, застрашувачки, а на Французинот дефинитивно му се заканува затворска казна.
Од сето ова тешко може да се извлече, без разлика на популарноста и огромното богатство што го има стекнато низ кариерата благодарение на богатите договори.
Менди 10 пати го носеше дресот на француската репрезентација, а 28-годишниот играч пред Сити играше за Монако, Марсеј и Ле Авр, но фудбалот одамна е на втор план…