ФУДБАЛ

Девојката ја заврши својата кариера за да биде со тешко болното момче, тој ја запроси на нејзиното збогување (ВИДЕО)

Австралијката Рали Добсон на 28-годишна возраст реши да ја заврши фудбалската кариера за да биде со своето момче кое мина низ радиотерапија и хемотерапија од рак на мозок.

Фудбалерката на Мелбурн Сити неделава објави дека повеќе нема да игра затоа што сака да му помогне на својот партнер Мет кој има рак на мозок.

На нејзиниот последен натпревар против Перт Глори, таа погоди за победа од 2:1, а додека славеше со своите соиграчики, нејзиното момче слезе на теренот, клекна на колено и ја запроси.

Добсон беше видно запрепастена и скршена во солзи, и на крајот, секако, прифати да се омажи за Мет, со кого планира да биде во најтешкиот период од нејзиниот живот.

На нејзиниот вереник му беше дијагностициран рак пред шест години. На почетокот на овој месец тој беше опериран по втор пат и ќе има агресивна радиотерапија проследена со 12 месеци хемотерапија.

“Ова е поголемо од спортот. Тој е мојот апсолутен свет”, рече храбрата девојка за која пишува целиот свет.