ФУДБАЛ

Девојката која го обвини Роналдо за силување повторно бара пари: Таа сака 80 милиони долари

Sвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо се најде во центарот на скандалот пред три години во кој Американката Катирн Мајорга го обвини за силување.

Мајорга и Роналдо се запознале во 2009 година во ноќен клуб во Лас Вегас, а Кристијано наводно ја принудувал на анален секс во неговиот стан.

После тоа, Катрин се обратила до полицијата, а малку подоцна бил испрашуван и Роналдо, кој се правдал со изјавата дека сексот е груб и дека таа воопшто не повикува на помош. Сè заврши со тоа што Роналдо и плати на Катрин околу 375.000 евра за да заборави сè.

“Сè започна кога отидов да се пресоблечам во бањата. Тој влезе зад мене и ме замоли да го допрам неговиот к*р 30 секунди. Кога одбив, тој ме замоли да го ставам во устата. Идиот. На почетокот помислив беше за шега, но излезе дека овој фудбалер кој е толку славен и убав е всушност лудак и перверзен“, рече Кетрин и потоа продолжи:

“Тој рече дека ќе ми дозволи да го бакнам. На што му одговорив дека ќе го бакнам, но нема да го допирам неговиот к*р. Тој се наметна многу на мене и почна да ме допира и одеднаш тој беше на мене”, вели Мајорга, кој тврди дека таа тогаш го оттурна и рече дека не сака да има секс со него.

https://twitter.com/instablog9ja/status/1387676482093428737

“Се свртев и тој се обиде да ја соблече долната облека. Повторно се свртев, се свиткав и ја покрив вагината. Потоа скокна врз мене”, рече Кетирн во признанието пред неколку години.

Роналдо, се разбира, ги отфрли сите обвинувања за силување, а по судењето во 2019 година, тој беше ослободен од сите обвиненија, а судот одби да покрене судски процес против него.

Потоа поднесе нов извештај во кој од Роналдо бара пари за претрпената душевна болка и бара дури 80 милиони долари.

Таа сака 25 милиони долари за душевна болка и страдање од минатото, исто толку за душевната болка и страдање што ќе ги преживее во иднина, и 25 милиони долари за компензација.

Таа исто така бара да и бидат исплатени сите судски трошоци, а бројката за која бара да го тужи Роналдо е неверојатни 80 милиони долари.

Малку е веројатно дека оваа тужба ќе ја помине на суд, но очигледно е дека Мајорга сака да плати добро за ноќта што ја помина со Кристијано.