Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го победија Њукасл на гостински терен со 4:0 во натпреварот од 18. коло на англиската Премиер лига.
Актуелниот шампион на Англија продолжи со својата фантастична форма и стигна до трите бода на на гостувањето кај Њукасл без некои поголеми проблеми.
Сити поведе во петтата минута со голот на Рубен Диас, а 20 минути подоцна Жоао Кансело постигна фантастичен гол од 20 метри за 2:0.
Во вториот дел Сити постигна уште два гола, а стрелци беа Ријад Махрез и Рахим Стерлинг. Сити на тој начин дојде до осмата последователна победа во ПЛ и е лидер на табелата со три бода повеќе од второпласираниот Ливерпул.
Но, интересно е што многумина забележаа дека Гвардиола вчера воопшто не им даде шанса на Џек Грилиш и Фил Фоден, кои целиот меч го следеа од клупата за резерви.
Грилиш и Фоден беа стандардни во стартниот состав оваа сезона, но на изненадување на сите вчера воопшто не играа. Секако, Гвардиола не можеше да го избегне прашањето зошто не играа Гралиш и Фоден и даде интересен одговор.
“Се одлучив за овој тим бидејќи тие заслужуваат да играат денес, овие момци и никој друг. За време на божиќните празници гледам многу како играчите се однесуваат на теренот и надвор од него. Кога однесувањето надвор од теренот не е соодветно, тогаш тие нема да играат“, изјави Гвардиола, додавајќи.
„Мораме да бидеме фокусирани во овој период бидејќи поради Божиќ сите малку се опуштаат и некои работи се случуваат и затоа постојано им кажувам на играчите дека мора да останат концентрирани и да гледаат што прават надвор од теренот.“
Сити вчера стигна до 34-та шампионска победа оваа календарска година, што е нов рекорд.
„Рекордите ја покажуваат конзистентноста што ја имаме како тим. Рекордите се таму за да се соборат и среќен сум што направивме таков подвиг. Претпочитам да освојувам титули, но кога ќе собориш рекорд до кој никој не бил блиску толку многу години потоа ќе видите каков тим имате“, заклучи тренерот на Сити.