Милан денес го назначи новиот тренер, со тоа што Стефано Пиоли го презеде кормилото, заменувајќи го Марко Џампаоли.
Спортскиот директор на „росонерите“ изјави дека Џампаоли даде сè од себе и дека одлуката да го замени Пиоли е пребрзо донесена.
„Џампаоли даде сè од себе што е правилно на почетокот на неговата авантура. Се прашуваме што не чинеше и мислевме дека можеме да се подобриме со Стефано Пиоли. Одлуката беше брзо донесена, но исто така се заснова и на потенцијалот што го има тимот“.