Поранешниот тренер на Албанија, Џани Де Биаси, во интервју за „Радио Бруно Тоскана“, меѓу другото зборуваше за импресивното деби на француската sвезда, Френк Рибери во Фиорентина.
„Рибери е оптимално адаптиран и сместен и може да биде додадена вредност во однос на искуството и виталноста. Тој може да му даде многу мотивација на тимот. Морам да признаам дека многу ми се допаѓа, многу е позитивно она што го докажа досега“, рече Де Бијаси.