ФУДБАЛ

Џанлуиџи Буфон ги разјасни работите: Зошто доведувањето на Кристијано Роналдо влијаеше на Јувентус?

Џанлуиџи Буфон (43) е последниот поранешен колега на Кристијано Роналдо во Јувентус кој зборува за проблемите кои постоеле во италијанскиот тим по доаѓањето на Португалецот.

Буфон е на мислење дека Јувентус не бил истиот тим по доаѓањето на Роналдо, а играчите не чувствувале иста одговорност при формирањето на група која ќе се жртвува на теренот.

„Јувентус можеше да ја освои Лигата на шампионите во првата сезона со Роналдо. Тогаш бев во ПСЖ, па не знам што се случи и зошто не успеаја. Кога се вратив, работев добро со Роналдо две години, но мислам дека Јувентус ја загуби ДНК на својот тим“, рече Буфон и додаде:

„Во 2017 година стигнавме до финалето на Лигата на шампионите бидејќи бевме искусен тим, но пред се беше жестока конкуренција за стартните места. Тоа го загубивме по доаѓањето на Роналдо.

Голманот ветеран моментално брани во Серија Б за својот поранешен клуб Парма, а тврди дека неговата иднина е неизвесна.

“Би сакал да играм во Мексико или САД. Се е можно во иднина, било како играч или како тренер. Фактот што не ја освоив Лигата на шампионите сè уште ме мотивира. Да го имав овој трофеј, Дефинитивно би се откажал одамна“, изјави Буфон.

На прашањето за најдобрите голмани во моментов, Буфон рече дека тоа се Облак, Куртоа, Нојер, Тер Штеген и Донарума.

Буфон порасна во Парма, но во 2001 година премина во Јувентус за 53 милиони евра, а во ПСЖ беше во периодот од 2018 до 2019 година.

Стоперот Леонардо Бонучи зборуваше и за присуството на Роналдо во Јувентус и тешкотиите со кои се соочува клубот.

„Се работеше за идејата дека играчот, дури и најдобриот во светот, може да гарантира победа на Јувентус. Присуството на Роналдо имаше големо влијание врз нас. Само тренингот со него ни даде нешто дополнително, но во неговата потсвест играчите почнаа да веруваат дека неговото присуство е доволно за да се добијат натпревари. Почнавме да опаѓаме во секојдневната работа, во скромноста, во пожртвуваноста, во желбата да бидеме секој ден со колегата. Мислам дека тоа го видовме во последните години“, изјави Бонучи.

„Да фрлевте парче дрво во соблекувалната минатата сезона, ќе се запалеше, бидејќи соблекувалната беше наелектризирана“, призна Бонучи.

Сепак, Јуве се уште е во тешка ситуација по заминувањето на Роналдо и веќе го отпишаа од борбата за скудетото, иако тимот успеа да се разбуди со неколку победи во последно време и ако ништо не најавува многу подобро продолжение на сезоната, но тренерот жАлегри ќе има потреба и ќе се работи на засилувања.