ФУДБАЛ

Џанлуиџи Буфон го менува Икер Касиљас?

По една сезона, Џанлуиџи Буфон реши да ја заврши својата епизода во ПСЖ. Легендарниот чувар на мрежата не ја продолжи соработката со ПСЖ, па затоа во моментов е слободен играч.

Во последните неколку дена се шпекулира дека Буфон би можел да се врати во Италија и да се носи дрес од клубот каде што ја започна својата кариера, Парма. Исто така, имаше гласини дека постои шанса дека повратникот во Серија А, Бреша, ќе го доведе 41-годишниот голман.

Денес, „Tuttosport“ пишува дека Џанлуиџи Буфон се уште нема намера да стави крај на неговата кариера, би можел да биде голман на Порто.

Буфон ќе го замени Икер Касиљас на голот на Порто.

Се верува дека поранешниот голман на Реал Мадрид да каже збогум за активно да учествува во фудбалот, откако неодамна на тренингот со Порто доживеа срцев удар. Така еден легендарен голман, може да замени друг.

Буфон ја започна својата кариера во Парма, а во 2001 година се пресели во Јувентус. Минатото лето, по 17 години, ја напушти „Старата дама“ во потрага по нов предизвик.

Сега останува да се види каде ќе брани следната сезона, кој за неко може да биде последна во професионалниот фудбал.

ПОВРЗАНО

Серија А