ФУДБАЛ

Џанлуиџи Буфон и следната сезона ќе брани во Лигата на шампионите?

Џанлуиџи Буфон решил дека една сезона во ПСЖ е доволна. Имаше понуда да продолжи со соработката со парижаните, но одлучи да бара нов предизвик.

Сепак, иако ја заврши својата епизода во Париз, популарниот Џиги сè уште не сака „да ги закачи ракавиците на ѕидот“.

Откако стана јасно дека Гиги нема да ја продолжи својата кариера во ПСЖ, започна шпекулациите за неговата можна следна дестинација.

На почетокот се шпекулираше дека може да се врати во клубот на својата младост, Парма, или да ги зајакне редовите на повратниците во Серија А, Бреша.

Се појавија шпекулации и за Порто, а сега италијанските медиуми носат нови информации.

Италијанскиот гуру трансфер „Џанлука Ди Марзио“ тврди дека Порто сега е фаворит за потписот на Буфон. Во случај да оди во Порто, Буфон ќе го замени легендарниот голман – Икер Касиљас, кој беше принуден да ја заврши својата кариера поради сериозни здравствени проблеми.

Ако Буфон, сепак, одлучи да се врати во Италија, може да заврши во Аталанта. Наводно, Аталанта дефинитивно е во контакт со Буфон во изминатите неколку дена, а сега се издвојува како сериозна опција, додека Парма и Бреша паднаа во втор план.

Ако кариерата на Буфон продолжува во Порто или Аталанта, тоа би значело дека 41-годишниот чувар на мрежата и следната сезона ќе има шанса да се брани во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНО

Серија А