ФУДБАЛ

Џејдон Санчо е казнет поради слабата форма, знае и самиот дека тоа е најлошата можна казна

Откако дојде во Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо е друг играч, а не сенка на тој играч од времето кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Санчо беше платен 85 милиони евра и е најголемото засилување на „црвените ѓаволи“, но крилниот напаѓач не покажа речиси ништо откако пристигна на „Олд Трафорд“.

Падна во форма, не постигна ниту еден гол, нема ниту асистенција, а сега е „казнет“ поради тоа, веројатно со најлошата можна казна за него.

Имено, англискиот селектор Герет Саутгејт го тргна од списокот и не го повика за натпреварите против Албанија и Сан Марино во ноември.

Надвор од кадарот се и Киеран Трипер и стоперот на Милан Фикајо Томори, а се враќаат Трент Александер-Арнолд, Маркус Рашфорд и Џуд Белингем.