ФУДБАЛ

Џејдон Санчо го руши рекордот во Бундеслигата стар 51 година

Борусија Дортмунд синоќа одигра нерешено 3:3 на нивното дерби против Лајпциг.

Милионерите поведоа по првото полувреме со 2:0, но Лајпциг постигна два гола и израмни на  2:2.

Сепак, две минути после тоа, Џејдон Санчо постигна гол за 3:2, а Шик постигна во 78-та минута и му донесе бод на својот тим.

Со нов гол во дресот на Борусија Дортмунд, Санчо го собори рекордот во Бундеслигата стар дури 51 година.

На 19 години и 267 дена, младиот Англичанец го постигна својот 22-ри гол во Бундеслигата, надминувајќи го Хорст Копелс кој во 1968 година на 19 години и 269 дена, стигна до таа бројка.

Џејдон Санчо пристигна од Манчестер Сити во Борусија Дортмунд во 2017 година и обезбеди одлични игри минатата сезона.

Тоа продолжи и оваа сезона, па Санчо запиша 23 настапи за Борусија и постигна 12 голови и забележа 13 асистенции.

ПОВРЗАНО

Бундеслига